Со свечен настан во Музејот на современа уметност, ЕВН Македонија го одбележа значајниот јубилеј – 20 години работење на македонскиот пазар. Настанот беше посветен на луѓето, партнерствата и вредностите кои стојат зад развојот на компанијата и нејзината улога во модернизација на енергетиката преку значајни инвестиции, технолошки напредок и посветеност кон модерен и одржлив енергетски систем. Од страна на највисокиот менаџмент на ЕВН Групацијата и на ЕВН Македонија изразена беше благодарност до сите соработници, партнери, корисници и институции кои придонесоа за растот и трансформацијата на компанијата, градејќи ја заедно енергетската иднина.








Истовремено, како дел од јубилејната програма, отворени се две изложби, едната со дела од уметничката колекција на ЕВН Австрија во МСУ – Скопје, а другата изложба во Чифте Амам, ги претставува клучните достигнувања и вредности на компанијата во изминатите две децении.
#20Years #EVNMacedonia








