ЕВРОПСКИТЕ РАФИНЕРИИ ПРОДАВААТ ГОРИВО СО ЗАГУБА, според пресметките на Меѓународната агенција за енергија

Европските рафинерии во последно време продаваат гориво со загуба, за разлика од оние во Азија и САД, бидејќи повисоките трошоци ги изедоа рекордно високите продажни цени, според пресметките на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ).

Маржите за рафинирање на лесна, сурова нафта од минатата недела од северозападна Европа покажаа дека рафинериите губат во просек 6,45 долари за барел од продажбата на гориво, соопштија од МАЕ.

Маржите за рафинирање на средно-тешка сурова нафта, покажуваат загуба од продажбата, додека оние за лесна сурова нафта се уште се во минус, но се значително пониски.

Слабата заработка на рафинериите е резултат на остриот скок на цената на нафтата поради фактичкиот прекин на транзитот низ Ормускиот теснец.

Намалувањето на маржите на европските рафинерии де факто покажува дека тие ќе работат со загуба, па затоа некои веројатно ќе ја намалат преработката на нафта, сметаат аналитичарите.

„Поедноставните“ рафинерии, кои немаат капацитети за производи со поголема вредност како што е горивото за авиони, може да бидат принудени да ја намалат преработката ако маржите продолжат да ослабуваат, забележуваат трговски извори. Досега нема индикации дека таков тренд се проширил, пренесува Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано