МОДНА РЕВИЈА И РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА ИТАЛИЈАНСКИ ОЧИЛА 1940-2026

МОДНА РЕВИЈА И РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА ИТАЛИЈАНСКИ ОЧИЛА

Вчеравечер, во Музејот на Народноослободителната Борба се одржа модна ревија и ретроспективна изложба на италијански очила во организација на ITA -Italian Trade Agency, Амбасадата на Р.Италија и Диоптра.

Повеќе од 120 гости меѓу кои амбасадори и дипломати, стилисти, уметници и љубители на модата имаа несекојдневна можност да уживаат во ревијата на очила од најпознатите италијански марки како Lozza, Persol, Dоlce &Gabanna, Trevi Coliseum, Giorgio Armani, Gucci, Valentino, Fendi и Furla.

Настанот го отвори Амбасадорот на Р.Италија, Н.Е. Паоло Палминтери, кои во оваа прилика изјави:

“ Италијанските очила не се само индустриски производ, туку неприкосновен симбол на “Made in Italy”, кој е резултат големо наследство на know-how. Од првата фабрика за очила на Анџело Фрескура отворена во Калалцо ди Кадора во 1878 година, до денес, овој сектор во Италија брои околу 814 компании кои вработуваат преку 19.000 лица, извезуваат 90% од своето производство и генерираат извоз од над 5 милијарди евра.  Денес, конкурентната предност на италијаскиот кластер за очила се потпира на два клучни фактори: интегриран синџир на набавки со густа мрежа на добавувачи и лидерство во луксузот. Концентрацијата на супериорни вештини и know-how и овозможија на Италија да се позиционира како број 1 производител на очила и рамки за очила во Европа, и истовремено како водечки светски производител и извозник во сегментот на луксузни произдови“.   

Во убава атмосфера, со носталчгичните звуци на италијанската ретро-музика  на ревијата беа претставени очила од 40тите, 50тите, 60тите, 70тите, 80тите, 90тите и 2000 години кои за оваа прилика Оптиката Диоптра специјално ги увезе од производителите. За облеката на моделите се погрижи Магнетик.  Изгледот на моделите, облеката и “стајлингот“ целосно го  отсликуваа стилот на секоја од декадите на италијанската мода и животен стил.

По завршувањето на модната ревија, беше отворена изложбата на очила каде беа претставени оригинални модели на италијански очила од 1940 до 2026 година.

Со овој настан, Амбасадата на Р.Италија го одбележа Денот на Италијанскиот Дизајн во светот и Денот на “Made in Italy” кои имаат за цел да ја промовираат извонредноста на италијанските производи во различни сектори.

Повеќе од истиот автор

Најчитано