ЗАПАДНИОТ БАЛКАН ЌЕ СЕ СООЧИ СО СУША ЗА ДЕСЕТ ГОДИНИ

Сите модели покажуваат дека Западниот Балкан ќе се соочи со суша за 10 години, а сите земји во регионот развиваат стратешки насоки за прилагодување кон новите услови, изјави генералниот секретар на Постојаната работна група за регионален рурален развој на земјите од Југоисточна Европа, Бобан Илиќ.

„Сите модели што ги правиме укажуваат дека климатските промени ќе создадат илузија до 2034, 2035 година, бидејќи вкупните врнежи ќе бидат над просекот, вегетацијата ќе цвета, но распределбата на врнежите нема да биде добра“, истакна Илиќ и додаде дека треба да очекуваме поплави и обилни снежни врнежи, по што ќе следат високи температури на краток рок.

„Следната година, поради проблемите со климатските промени, регионот ќе се обиде да разработи најмалку пет до шест приоритетни мерки во врска со адаптацијата“, изјави Илиќ пред новинарите во Белград, каде што се одржува годишниот состанок на министрите за земјоделство на Југоисточна Европа.

Тој оцени дека земјоделството ќе се промени и од социолошки и од економски аспект и дека доаѓа време за образовани, подготвени, млади претприемачи кои ќе го преземат земјоделството, пренесува Бука.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано