Владата набави 100 нови возила за Пошта 

Владата, преку Министерството за транспорт, реализираше набавка на 100 нови возила за потребите на Пошта. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува околу два милиони евра, соопшти на денешниот настан премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со министерот Александар Николоски и директорот Орхан Куртиши ги промовираа новите возила.

Просечната старост на возилата со кои досега работела Пошта, како што информирааше премиерот, е околу 15 години.

– Тоа значи застарена опрема, чести дефекти, зголемени трошоци и намалена ефикасност. Тоа значи доцнење на пратките, незадоволство кај граѓаните и намалена доверба во системот. Ние решивме да ставиме крај на тоа, истакна премиерот.

Со новите возила се овозможува поефикасно и посигурно  доставување на поштенските услуги до секој граѓанин, до секое населено место, до секоја компанија. Ќе се намалат трошоците за одржување, ќе се зголеми продуктивноста, а услугата ќе стане поквалитетна.

Во рамки на Планот за раст, се работи на конкретни мерки со кои, како што подвлече премиерот, ќе се зголеми конкурентноста на Пошта.

-Нашата цел е јасна – да создадеме современа, ефикасна и одржлива институција. Предвидуваме подобрување на ефикасноста во испораката на услугите и намалување на трошоците за најмалку 15 проценти. Истовремено, работиме на подобрување на индикаторите за профитабилност, исто така за околу 15 проценти. Тоа значи подобро управување, подобра организација и подобри резултати, подвлече премиерот.


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано