Европските берзански индекси денес се во пораст, при што цените на нафтата од типот Брент малку се намалија на околу 107 долари за барел, но пазарот на енергија останува под притисок поради војната на Блискиот Исток, која предизвика големи прекини во снабдувањето.
Цените на нафтата се намалија денеска бидејќи водечките европски земји и Јапонија понудија да помогнат во осигурувањето безбедно поминување на бродовите низ Ормуската Теснина, низ која поминува една петтина од светската нафта, а САД презентираа мерки за зголемување на понудата со енергенси.
Цените на енергенсите се зголемија вчера откако Иран одговори на израелскиот напад врз големо гасно поле со напад врз катарскиот објект Рас Лафан, кој преработува околу една петтина од светскиот течен природен гас, предизвикувајќи штета која ќе мора да се санира со години.
Главното пристаниште на Црвеното Море на Саудиска Арабија, каде што земјата пренасочи дел од својот извоз за да го заобиколи затворањето на Ормускиот теснец од страна на Иран, исто така вчера беше нападнато.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис






