ЦЕНИТЕ НА ЕНЕРГИЈАТА БРЗО ЌЕ ПАДНАТ ПОД ЕДЕН УСЛОВ, прогноза на Националниот економски совет на САД

Цените на енергијата брзо ќе паднат кога повторно ќе се отвори Ормускиот теснец, изјави Кевин Хасет, директор на Националниот економски совет на САД.

Кевин Хасет, изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сè уште има работа по прашањето на инфлацијата, но дека очекува дека, кога Ормускиот теснец ќе биде целосно отворен за пловидба, цените на енергијата брзо ќе паднат.

„Бродовите моментално минуваат, но со околу десет проценти од нормалното темпо. Кога ќе се вратиме на нормалното темпо, тогаш очекуваме работите да се вратат во нормала“, рече Хасет.

Тој беше оптимист дека американската администрација би можела целосно да го отвори Ормускиот теснец и да овозможи проток на нафта за неколку месеци.

За танкерите за нафта, минувањето низ Ормускиот теснец сè уште претставува значителен ризик, со оглед на тоа што Иран сè уште не го отворил целосно, пренесува Б92.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано