Поради планирани активности на Електродистрибуција АД Скопје – подружница Кочани, утре, 26 март 2026 година ќе има прекин во испораката на електричната енергија во атарот на Пумпната станица во селото Грдовци, што ќе предизвика и прекин во водоснабдувањето на цела Општина Кочани.
Од КЈП „Водовод“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 9:30 до 21:00 часот.
Надлежните апелираат до граѓаните на Општина Кочани навремено да се подготват и да обезбедат доволни количини вода за основни потреби во текот на денот.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис






