Нови одлуки на Управниот одбор на ФЗО
Денеска, Управниот одбор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија донесе неколку одлуки насочени кон подобрување на работата и ефикасноста на институцијата:
Покачување на плати – донесена е одлука за зголемување на платите на вработените, со што се вреднува трудот на оние кои се столбот на институцијата.
Конкурс за директори – започнува постапката за именување на Директор и Заменик директор на Фондот.
Постапката ќе ја води петчлена комисија од членови на УО во состав: Ирена Петковска, Дритан Даути, Маја Чемерекиќ Велковска, Димитар Димитриевски и Трпе Деаноски.
Предлогот за именување го дава Министерот за здравство, а одлуката ја донесува Владата.







