Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ја укина забраната за пиење вода од четири артериски чешми во Охрид.
Станува збор за чешмите лоцирани на булеварот „Туристичка“, во дворот на ОУ „Григор Прличев“, Биранова чешма во населба Воска и чешмата во Градскиот пазар.
Забраната е укината врз основа на добиените резултати од повторените лабораториски тестирања од Центарот за јавно здравје – Охрид, со кои е потврдено дека испитаните примероци ги задоволуваат физичко- хемиските и микробиолошките критериуми за безбедност, информираат од АХВ.
Забраната за употреба беше изречена на 17 март годинава поради бактериолошка загаденост. По изречената забрана, од Центарот за јавно здравје од Охрид беа земени нови мостри вода од четирите чешми, чии резултати сега ја потврдија безбедноста.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис





