Американската економија порасна за 0,7 проценти во последниот квартал од 2025 година, додека прелиминарните проценки укажуваа на раст од 1,4 проценти.
Бруто домашниот производ (БДП) беше ревидиран надолу за 0,7 процентни поени од прелиминарната проценка, главно поради пониските проценки за извозот, потрошувачката, владините трошоци и инвестициите. Увозот се намали помалку од претходно објавеното, соопшти Бирото за економски анализи.
Во третиот квартал, БДП на земјата порасна за 4,4 проценти.Бирото соопшти дека зголемувањето на реалниот БДП во четвртиот квартал придонело зголемувањето на потрошувачката и инвестициите, пренесува Бизнис.рс.
Фото Економија и бизнис






