Распишан конкурс за награди „Константин Филозоф“ за 2026 година

Филозофското друштво на Македонија (ФДМ) распиша конкурс за доделување награди „Константин Филозоф“ за 2026 година, со цел оддавање признание за постигнувања и значаен придонес за развојот на филозофијата во нашата земја. 

Наградите, како што соопшти денеска ФДМ, се доделуваат во три категории: за животно дело, за филозофска книга на годината и за млад филозофски истражувач.

– Наградата за животно дело се доделува за вкупниот опус на филозоф во филозофското творештво, филозофското образование, како и за афирмацијата на филозофијата во земјата и странство. Наградата за филозофска книга на годината се доделува за оригинален и значаен труд од областа на филозофијата. Наградата се доделува за книга, објавена во текот на календарската 2026 година. Наградата за млад филозофски истражувач се доделува за истакнат творечки придонес на филозоф до триесет и петгодишна (35) возраст – стои во соопштението.

Кандидатите за наградите „Константин Филозоф“ треба да се државјани на Република Северна  Македонија. 

Предлози за доделување на наградите, како што е наведено во конкурсот, може да поднесе секој полнолетен граѓанин, групи или здруженија на граѓани или институции што се занимаваат со образовна, научна и истражувачка дејност. 

– Предлогот за кандидатот треба да содржи образложена пријава и релевантна био-библиографија (освен за наградата за филозофска книга на годината). 
Предлозите се сметаат за валидни доколку во предвидените рокови стигнат на адресата на Филозофското друштво на Македонија, бул. Гоце Делчев 9А, 1000 Скопје (Филозофски факултет) или на официјалната електронска адреса: mailto:macedonian.philosophy@gmail.com – соопшти ФДМ. 


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано