Промоција на Швајцарска комора во Музејот на македонската борба за самостојност

Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска свечено ќе биде промовирана Швајцарската комора на Северна Македонија – СвисЧам МК.

Како што е најавено, на настанот ќе се обратат претседателот на СвисЧам МК, амбасадорот на Швајцарија во земјава, Кристоф Зомер, и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски.

-Настанот претставува значаен чекор кон унапредување на економската соработка, деловното поврзување и промоцијата на швајцарските вредности во деловното работење во Република Северна Македонија, соопшти СвисЧам МК.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано