Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – февруари 2026 година, изнесува 1 258.6 милиони евра: +2.4 % и бележи пораст од 2.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 1 879.6 милиони евра, што е за 2.4 % повеќе во споредба со истиот период од 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и електричната енергија.
Во периодот јануари – февруари 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49.9 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 57.8 % во вкупната размена
Извозот на храна во периодот јануари-февруари 2026 година изнесува 67,8 милиони евра или бележи намалување од 4 отсто, а увозот на храна во истиот период изнесува 179, 2 милиони евра или зголемување од 0,5 отсто.
Фото Економија и бизнис





