ПРОДАЖБАТА НА ГОРИВА Е ВО „ЦРВЕНА ЗОНА“ ПОРАДИ НИСКАТА МАРЖА, реагираат сопствениците на бензиски пумпи во Србија

Зголемувањето на малопродажните цени на дизелот и бензинот во Србија за еден динар по литар, а воедно и дневното зголемување на големопродажните цени ја преполови трговската маржа и го доведе бизнисот на работ на профитабилност, изјавија сопствениците на бензински пумпи.

Цените на горивата се под контрола од март 2022 година, кога започна војната во Украина, а од пред еден месец, кога започна војната на Блискиот Исток меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран, тие се во порастпоради порастот на цената на суровата нафта, од околу 65 долари за барел на речиси 120 долари.

Големопродажната цена на дизелот  е 203 динари, од понеделник 204 динари, а ние имаме право да го продаваме по највисока цена од 214 динари од вчера бидејќи беше зголемена само за еден динар по литар. Од 21 динар маржа за тргување по литар гориво од 28 февруари, сега се реализирани околу десет динари и тоа не може да ги покрие оперативните трошоци, велат сопствениците на бензиски пумпи во Србија.

Здружението на сопственици на приватни бензински пумпи побарало од Министерството за рударство и енергетика  на Србија да ја „врати“ маржата на 21 динар по литар, но немало одговор.

Државата ги одредува цените на нафтените деривати еднаш неделно, а во Нафтената индустрија на Србија, која им продава деривати, цените растат секој ден, па „пумпачите“ се заглавени помеѓу големопродажните и малопродажните цени, а последица на тоа е што нивната заработка се намалува.

Според Ненад Јованчевиќ, сопственик на пумпа, трговијата со гориво влегува во црвената зона.

Граѓаните на Србија не почувствуваа никакво олеснување од ветувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дадено пред две недели, дека државата ќе ги намали акцизите за дополнителни 40 проценти, на вкупно 61 процент.

На 20 март, Вучиќ изјави дека државата ќе ги намали акцизите за горива за дополнителни 40 проценти, што, со претходното намалување од 20 проценти, би изнесувало вкупно 61 процент.

Од Здружението на сопственици на приватни бензински пумпи изјавија дека Владата на Србија сè уште не донела пропис што би овозможил намалување од 61 процент, ниту пак таква одлука е објавена во Службен весник, пренесуваат медиумите во Србија.

Повеќе од истиот автор

Најчитано