ПАРАДОКСОТ ВО ГЕРМАНИЈА: Масовни отпуштања  додека економијата зајакнува

Постојат повеќе знаци дека економијата во Германија повторно добива на интензитет, во многу индустриски погони, производството се зголемува.

-Во наредните месеци, уште појасно ќе видиме како милијардите од специјалниот фонд за вооружување и инфраструктура стигнуваат до економијата“, вели Карстен Брзески од ING Bank, пишува во текстот на  Дојче веле.

 За овој економист, ова се причини за нов оптимизам.

Сепак, за вработените сликата изгледа поинаку. Многу компании масовно го намалуваат бројот на работници. Научниците од Институтот за истражување на пазарот на трудот и занимањата  утврдија дека само во преработувачката индустрија, околу 15.000 работни места исчезнуваат секој месец, и оние со задолжително социјално осигурување.

-Во моментов нема перспектива за намалување на невработеноста, вели Енцо Вебер, раководител на секторот за истражување за прогнози и макроекономска анализа во IAB.

Минхенскиот институт IФО информира дека компаниите се повеќе планираат да намалат работни места.

-Ограничувањето на пазарот на трудот повторно расте. Многу компании планираат да отпуштат повеќе вработени отколку што имаат намера да вработат нови, вели Клаус Волрабе, раководител на истражувањето на ИФО. Според него, ситуацијата е особено драматична во автомобилската и машинската индустрија.

Причините се бројни. Се зборува за „криза на обнова“. „Технолошки и во однос на знаењето, Германија не заостанува. Проблемот е што повеќе не сме конкурентни кога станува збор за (производствените) трошоци“, вели Константин Гал од консултантската фирма EY во интервју за ARD.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано