Вработените во образованието ќе добијат покачување на платите за речиси 7,5 проценти – најави премиерот Христијан Мицкоски. Со ова, како што рече, од формирањето на оваа Влада досега платите во образованието се зголемени за 20-ина проценти.
– Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието, што е дел од оној колективен договор што го имаме за нови 7,5 проценти. Тоа значи дека од формирањето на оваа Влада, од ноември 2024 година до денеска, или за една и пол година, зголемени се платите на вработените во образованието – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштање во употреба на културен дом во Гази Баба.
извор МИА







