Денеска во Болницата за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ – Охрид за првпат е воведена нова метода: механичка ротациона атеректомија (Jetstream Atherectomy) на периферна циркулација.
За што станува збор?
Оваа процедура е наменета за пациенти со периферна артериска болест (PAD), особено кога има калцифицирани или тешки стеснувања/оклузии во артериите на нозете, пред или заедно со балон ангиопластика или стент.
Со помош на системот Jetstream, се овозможува прецизно отстранување на наслагите (плак) од артериите, со што се подобрува квалитетот на животот на пациентите и се намалува потребата од класична хирургија.
На Универзитетската клиника во Скопје ова интервенција се изведува на коронарната циркулација, а во Охрид започна да се изведува на периферната циркулација.
Тимски успех и меѓународна соработка
Денес успешно се изведени првите три зафати под водство Д-р Дејан Манчески, во соработка со Д-р Владимир Цветиќ од Клиничкиот центар Белград.
Фонд за здравствено осигурување на Македонија препознавајќи го потенцијалот на Св.Стефан, за 2026 година одобри средства за 5 нови процедури (Jetstream, Shock Wave, OCT и други) со вкупен буџет од 6 милиони денари за набавка на медицински материјал за вкупно 40 интервенции.







