НЛБ Банка го започна Лидерскиот состанок во Охрид со општествено одговорна акција

„Создаваме подобар свет"

На 27 и 28 март во Охрид се одржува традиционалната Лидерска конференција на НЛБ Банка, на која учествува раководството на Банката. Настанот претставува простор за размена на идеи, знаење и визија за иднината, како и за зајакнување на лидерските капацитети и насочување на стратегијата кон дигитална трансформација и современо банкарство. Паралелно со лидерскиот состанок, НЛБ Банка останува посветена на заедницата.

Под мотото „Создаваме подобар свет”, повеќе од 140 учесници на конференцијата, со општествено одговорна акција – садење лаванда во Холандскиот парк во Охрид, го означија почетокот на оваа значајна интерна средба. 

„Садењето лаванда во Холандскиот парк во Охрид е симболичен почеток на нашата лидерска конференција, но и јасна порака за вредностите што секојдневно ги негуваме. Веруваме дека вистинското лидерство започнува со конкретни дела, преку грижа за заедницата и животната средина. Како партнер на заедницата, активно придонесуваме за нејзиниот развој, поттикнуваме економски просперитет и инвестираме во луѓето и образованието, затоа што веруваме дека вистинскиот напредок се постигнува кога секој има можност да расте. Токму со таква посветеност ја отвораме и нашата дискусија за иднина на нашата Банка – одговорно, одржливо и со јасна визија”, изјави Тони Стојановски, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

Овие заложби на Банката се темелат на трите столба на одржливост на НЛБ Групацијата – одржливо работење, одржливо финансирање и придонес во општеството. Во рамките на својата работа, Банката е фокусирана на намалување на влијанието врз животната средина, оптимизирање на ресурсите и забрзана дигитализација на услугите.

Повеќе од истиот автор

Најчитано