Николоски: Новата трафостаница „ТЦ Централа” во Скопје носи стабилност за целокупното централно градско подрачје

Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓните и компаниите, а на државата економски напредок – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на отварањето на новата трафостаница „ТЦ Централа” во Скопје, инвестиција на компанијата ЕВН. 

Во своето обраќање тој потенцира дека овој проект е пример за заедничка посветеност на Владата и приватниот сектор во реализација на крупни инвестиции и додаде дека Македонија во моментот е водечка земја во регионот во делот на енергетската транзиција.

– Навистина ми е драго што можеме да присуствуваме на отворањето на овој значаен објект и да се заблагодарам за поддршката на тимот на ЕВН затоа што навистина е уметност да се стави еден ваков објект во срцето на градот имајќи предвид дека ова што се гледа е само дел, а она што не се гледа е подземната инфраструктура и навистина беше заедничка работа на Владата и на ЕВН. Ова е едно архитектонско достигнување и би сакал да им честитатм на сите што беа вклучени, разни ресори на Владата и компанијата. Ова е пример како можеме и во централното градско подрачје да реализираме проекти што се од интерес на државата и се надевам дека овој објект ќе значи стабилност за целокупното централно градско подрачје и за сите што гравитираат кон него – потенцира Николоски. 

Тој укажа и на важноста на иницијативата на премиерот Мицкоски за интегрирање на земјите од регионот во однос на привлекување идни инвестиции во енергетиката.

– Знаете дека политиката на Владата е да подржува енергетска транзција, во моментот мислам дека сме шампниони во целиот регион, а со иницијативата што ја претстави премиерот Мицкоски за интегрирање на земјите од регионот и создавање еден сојуз и еден обидинет пристап мислам дека Македонија ќе го покаже своето лидерско место во годините штпо се пред нас во делот на енергетиката и на енергетската транзиција како главен двигател на развојот на државата – истакна вицепремиерот Николоски.

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано