Нешто добро од срце: Lazarov Awards оваа година и со хуманитарна мисија

Нешто добро од срце

По успешното прво издание и големата поддршка од публиката, Lazarov Awards оваа година прави чекор повеќе и добива јасна општествено одговорна димензија.

Инспирирани од публиката и нивните сугестии, организаторите ја претворија желбата да се помогне на оние на кои им е најпотребно во конкретен, значаен чин. Така се роди „Нешто добро од срце“, искрена и хумана иницијатива што ја носи топлината и вистинската вредност на ова издание.

Првата акција е за семејството Велковски од Куманово, кое живее во тешки услови и се соочува со социјален ризик. Во нивниот дом моментално нема услови за нормален живот, но постои надеж. На ова четиричлено семејство им е дадено ветување: во рок од 60 дена, нивната куќа ќе биде целосно реновирана и претворена во топол, безбеден и достоинствен дом.

Бране, кој живее со 98% дијагностицирано слепило, заедно со сопругата Тања и нивните деца Алексеј и Лана, конечно ќе добијат шанса за поинакво секојдневие – онакво какво што секое семејство го заслужува.

Зад ова „нешто добро“ стои цела екипа и луѓе со искрена желба да помогнат – Стефан Лазаров, Димитар Атанасовски и Васил Мандаровски – Мандар, заедно со бројни поддржувачи кои се приклучуваат на оваа мисија. Ова е доказ дека кога заедницата се обединува околу вистинска цел, се случуваат реални промени.

Паралелно со оваа хуманитарна мисија, Lazarov Awards годинава ќе се одвива низ две значајни вечери.

Првата, LAZAROV AWARDS – WARM UP, ќе се одржи на 20 април 2026 (понеделник), од 21:00 часот, на Ragusa360 Rooftop во Скопје. Оваа вечер е вовед во она што следува – со музика во живо, гости, изненадувања и атмосфера што се доживува.

Секој може да се придружи на еуфоријата и да биде дел од извлекувањето на потенцијалните добитници на VIP карти за ексклузивна вечер со Игор Џамбазов и бенд, како и од првото големо онлајн извлекување на подароци од giveaway програмата, меѓу кои и мотор и автомобил.

Достапни се само 200 VIP влезници, кои може да се обезбедат бесплатно преку TicketX, со пријавување најдоцна до 14 април. Секој извлечен добитник ќе добие две VIP карти за присуство на настанот.

Амбицијата е второто издание на Lazarov Awards да донесе уште посилно продукциско искуство и уште поголема вклученост од јавноста, што ќе кулминира на централниот настан закажан за 3 јуни 2026 во Restaurant Park by Ragusa Group во Скопје.

Оваа вечер ќе ја заокружи овогодишната приказна на Lazarov Awards, со настапи на македонски ѕвезди, споделени моменти и финалното извлекување на вредни награди, вклучувајќи го вториот автомобил и други бројни подароци.

Годинава, Lazarov Awards е симбол на солидарност, заедништво и вистинска помош таму каде што е најпотребна. Со музика во живо, ексклузивни моменти, возбудлива атмосфера и подароци, забавата допрва започнува, а најдоброто – доаѓа од срце!

Повеќе од истиот автор

Најчитано