НАЈНОВ  БРАН НА ОТПУШТАЊА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО СРБИЈА, за десет дена укинати повеќе од 500 работни места

Во изминатите десет дена, Србија изгуби неколку компании од ИТ секторот кои ги затворија своите операции, а првите пресметки покажуваат дека околу 500 вработени ги изгубија своите работни места.

Бранот затворања го иницираше италијанската  компанија, која ја затвори целата своја филијала во Србија кон средината на март, а 348 вработени беа отпуштени за еден ден. Потоа следеа отпуштања во компанијата во која работеа 60 лица. Според најавите на вработените, и компанија за видеоигри го завршува своето работење.  

Причините што се наведени за толку ненадејниот и истовремен крај на дури четири компании од еден од најпропулзивните сектори на српската економија се во рамките на оптимизација на бизнисот, поголема употреба на вештачка технологија, намалување и укинување на стимулациите за оваа индустрија, но и зголемување на трошоците за работна сила.

Директорот на Српската ИТ асоцијација, Марко Вучетиќ, за  Бизнис.рс изјави дека повлекувањето на овие неколку компании не е изненадување и истакнува дека тие предупредуваат дека компаниите ќе пресметаат повторно дали да продолжат да работат во Србија уште од минатата година, кога беа укинати стимулациите, објави Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано