Министрите на Г7 повикуваат на прекин на нападите врз цивили

Ормуската Теснина

Министрите за надворешни работи на Г7 денеска побараа итен прекин на нападите врз цивили во војната и го повикаа Иран веднаш да ја врати слободата на пловидба во Ормуската Теснина.

Во заедничка изјава објавена во име на сите членки на Г7, вклучително и Соединетите Американски Држави, се повикува на „итно запирање на нападите против цивилите и цивилната инфраструктура“.

„Не може да има никакво оправдување за намерното таргетирање на цивили во ситуации на вооружен конфликт, како и за нападите врз дипломатските претставништва“, се вели во соопштението по состанокот на водечките индустриски нации во Франција.

Главна тема на состанокот беше затворањето на Ормуската Теснина од страна на Иран.

„Ја повторивме апсолутната неопходност трајно да се врати безбедната и слободата на пловидба во Ормуската Теснина“, се наведува во изјавата.

За време на состанокот, министрите се фокусираа на напорите „за ублажување на глобалните економски шокови, како што се нарушувањата во економските, енергетските, трговските синџири и снабдувањето со вештачки ѓубрива, кои имаат директно влијание врз нашите граѓани“.

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано