Бакаларот долго време е дел од празничната гастрономска традиција во Хрватска, како едно од јадењата што често се поврзуваат со Бадник, а потоа и со велигденскиот период, особено со Велики петок (на 3 април). Токму во ова време, поради постот и воздржувањето, рибата почесто се наоѓа на трпезата наместо месо, а бакаларот останува еден од најбараните избори за храна во многу домаќинства.
Хрватските домаќинства даваат приоритет на на сушениот бакалар, кој сè уште е најчесто купуван производ за празничната трпеза. Сушениот бакалар сè уште може да се најде по специјални цени во некои продавници оваа година, но сепак останува доста скап. Цената по килограм се движи од 46,99 до 89,90 евра.
За оние кои не планираат да купат сушен бакалар, малку поевтина опција може да бидат замрзнати филети или готови производи од бакалар, како што е белиот бакалар. Ваквите производи често се попристапни и попогодни, особено за оние кои сакаат поедноставна и побрза подготовка, објавува Индекс.хр.
Во коментарите на објавената вест има бројни негативни реакции на граѓаните за висината на цената за бакаларот. Некои од нив се однесува на „алчните трговци“ кои сакаат да заработат пред Велигден со ставање на повисоки цени на прехранбените производи за време на постот. Еден од коментарите се однесуваше на цените за бакаларот во португалските продавници во Европа каде се продава за 18 евра за килограм, додека во Португалија цената е 13 евра!
Фото Економија и бизнис






