Цената на нафтата од типот Брент утрово се искачи над 100 долари за барел, откако во понеделникот падна за повеќе од 10 проценти, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги одложи понатамошните напади врз Иран и најавата за разговори со Техеран.
Во Азија утрово, цената на нафтата од типот Брент од Северното Море се зголеми за 2,9 проценти на 102,84 долари за барел, објавија француските медиуми.
Цената на нафтата од типот Западен Тексас Интермедијар (WTI), американската референтна нафта, се зголеми за 3,5 проценти и достигна 91,20 долари.
Фото Економија и бизнис







