ЗЕМЈИТЕ ОД Г7 НАЈАВИЈА ВОНРЕДНИ МЕРКИ ЗА ДА ОБЕЗБЕДАТ СТАБИЛНОСТ НА ЕНЕРГЕТСКИОТ ПАЗАР

Министрите за финансии и енергетика на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7) вечерва објавија дека се подготвени да ги „преземат сите потребни мерки“ за да обезбедат стабилност на енергетскиот пазар, потресен од војната на Блискиот Исток, објавија француските медиуми.

Конфликтот предизвика зголемување на цените на горивата во Ормускиот теснец, клучен поморски воден пат низ кој обично поминува една петтина од светското производство на нафта, и нарушување на синџирите на снабдување.

Цените на суровата нафта Брент и WTI денес беа над 100 долари за барел.

„Подготвени сме да преземеме сите потребни мерки, во тесна координација со нашите партнери, особено за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста на енергетскиот пазар“, се вели во соопштението на Г7 објавено по онлајн состанокот.

Министрите од Групата седум, составена од Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и САД, ја потврдија својата „силна посветеност на стабилни и транспарентни, правилно функционални енергетски пазари“.

Меѓународната агенција за енергетика на 19 март објави дека нејзините земји-членки започнале со ослободување на стратешки резерви на нафта, со вкупно достапни 426 милиони барели нафта.

Франција претседава со Г7 оваа година.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано