ЗА ГЕРМАНИЈА Е ПОГРЕШНА ОДЛУКАТА НА САД ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ ЗА РУСКА НАФТА

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека одлуката на САД за ублажување на санкциите за користење на руска нафта е „погрешна“.

-Веруваме дека е погрешно да се ублажат санкциите во овој момент, рече Мерц за време на посетата на Норвешка.

Моментално има проблем со цените, но не и со понудата, додаде тој.

-Затоа би сакал да знам кои други фактори ја наведоа американската влада да ја донесе оваа одлука, рече Мерц, како што објави Би-Би-Си.

Растечките цени на нафтата поради војната во Иран ѝ помагаат на руската економија во криза. Путин се претставува како спасител во енергетските прашања.

Цената на нафтата се зголеми за околу 30 проценти од почетокот на војната, што ја прави Русија среќна како производител на нафта, пренесува Дојче веле.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано