Голема експлозија во рафинерија за нафта во близина на брегот на Тексас ги принуди жителите во близина да останат во своите домови. Никој не е повреден во експлозијата во рафинеријата во Порт Артур, околу 145 километри источно од Хјустон. Локалните власти ги повика жителите на западниот дел од градот да останат во своите домови.
Експлозијата се случи во услови на скок на цените на горивата поттикнати од неизвесноста околу глобалните залихи на нафта поради војната со Иран.
Според податоците на веб-страницата, во рафинеријата има околу 770 вработени и може да преработува околу 435.000 барели нафта дневно. Објектот преработува тешка кисела сурова нафта во бензин, дизел и гориво за авиони, пренесуваат медиумите во светот.
Фото Економија и бизнис






