ДРАСТИЧЕН ПАД НА ЦЕНИТЕ НА ГАСОТ ВО ЕВРОПА, по изјавите на Трамп

Цените на гасот во Европа нагло паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од заканата за напад врз иранските електрани во наредните часови.

Мегават-час гас со датум на испорака во април се тргуваше по 55,00 евра попладне на холандската дигитална берза TTF, што е речиси 11 проценти поевтино отколку на почетокот на тргувањето.

Гасот беше за седум проценти поевтин денес попладне отколку на крајот од тргувањето на крајот од минатата недела. Пазарите беа вознемирени откако американскиот претседател објави во саботата дека ако Техеран не го отвори целосно Ормутскиот теснец во рок од 48 часа, ќе ги уништи иранските електрани.

Иран ја презеде контролата врз теснецот по нападот на САД и Израел, забранувајќи го транзитот на бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници. Сообраќајот ќе биде целосно нормализиран откако ќе заврши нападот врз Иран, соопшти во недела иранското Министерство за надворешни работи, според извештајот на иранската новинска агенција Мехр.

Денес, цената на  гасот на TTF е приближно 70 проценти поскап отколку што беше на последниот ден од тргувањето во февруари, пред американско-израелскиот напад врз Иран, пренесува Блиц.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано