ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ НА СРБИЈА СЕ НАМАЛЕНИ ЗА 1,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, намалена вредноста на златните резерви

Бруто девизните резерви на Народната банка на Србија (НБС) на крајот на март годинава изнесуваа 28,485 милијарди евра, а во споредба со крајот на февруари, се намалија за 1,332 милијарди евра.

Одливите од девизните резерви се реализирани врз основа на нето отплата на кредити и плаќање на други девизни обврски на државата во вкупен износ од 443 милиони евра, како и интервенцијата на Народната банка на Србија на домашниот девизен пазар преку нето продажба на девизи во износ од 410 милиони евра.

Резервите на злато, кои се дел од девизните резерви, на крајот на март достигнаа рекордни 53.737 килограми и имаа вредност од 6,9 милијарди евра, што претставува 24,4 проценти од бруто девизните резерви. Во текот на март, резервите на злато се зголемија за 326 килограми со купување на 26 златни прачки на домашниот пазар од кинеската компани. Вредноста на златните резерви се намали за 652,5 милиони евра во март поради пазарни фактори (намалување на цената на златото во долари и зајакнување на доларот во однос на еврото), се вели во соопштението на НБС.

Во текот на 2026 година, златните резерви се зголемија за околу 1,2 тони, додека нивната вредност се зголеми за 745,1 милиони евра, на што влијаеја и позитивните пазарни фактори (врз основа на зголемувањето на вредноста на фина унца злато во долари за околу седум проценти, како и зајакнувањето на доларот во однос на еврото за околу 2,3 проценти на меѓународниот пазар).


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано