Во Германија, топка сладолед чини во просек помеѓу 1,80 и 2,50 евра оваа година, што е сепак поевтино отколку во многу други европски земји каде што цените достигнуваат околу 3 евра. И покрај зголемените трошоци и инфлацијата, производителите се обидуваат да одржат прифатливи цени со висококвалитетни и свежи состојки.
Според податоците од Здружението на италијански производители на сладолед (Uniteis), цената на топка сладолед во Германија оваа година е во просек помеѓу 1,80 и 2,50 евра, објавува германската новинска агенција ДПА.
Претседателот на здружението, Аугусто Де Пелегрин, истакнува дека цените се уште се умерени во споредба со остатокот од Европа.
– Ние сме меѓу најевтините во Европа – рече тој за време на презентацијата на овогодинешниот вкус на годината во берлинската слаткарница „Caffè e Gelato“. Во земји како Италија или Шпанија, додава тој, цената на топка сладолед често достигнува 3 евра.
– Многу луѓе сè уште ја споредуваат цената на сладоледот со цените од пред 30 или 40 години, кога топка чинеше 70 или 80 фенинзи. Но, дури и еден литар бензин тогаш чинеше околу половина од цената денес – одговори Де Пелегрино.
Трошоците за живот генерално се повисоки денес отколку што беа порано.
„Вкусот на годината“ оваа година се вика Пинокио. Тоа е комбинација од млечен сладолед и шербет од јагоди, украсен со грисини или мали вафли потопени во чоколадо. Инспирацијата за името доаѓа од литературата од познатиот детски лик Пинокио, пренесува Блиц.
Фото Економија и бизнис






