Васил Пеевски ќе ја претставува Македонија на Светското првенство на бармени во Макао

Во организација на Здружението на бармени вчера во хотелот „Континентал“ се одржало 17. државно првенство на кое учествувале 28 бармени од повеќе градови од државава. 

Пред стручното жири, бармените ги презентирале своите креации, а титулата најдобар бармен ја освоил Васил Пеевски кој оваа есен ќе ја претставува Македонија на Светското првенство на бармени во Макао. 

Второто место го свои Бојан Михајловски, а третото Никола Анастасијески. Наградата за најдобра техника ја освои Филип Марковски, а наградата за најатрактивен коктел и припадна на Сања Дракулиќ.


Фото: Здружение на бармени

Повеќе од истиот автор

Најчитано