Зголемен бројот на странски туристи

Во мај годинава, во земјава се евидентирани 131 723 туристи, од кои 106 756 странски, а 24 967 домашни, објави Државниот завод за статистика

Бројот на ноќевањата во мај изнесува 236 727, од кои  75,8 % се од странските, а 24,2 % од домашните туристи.

Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2,6 %. Кај домашните туристи има намалување за 4,4 %, а кај странските има зголемување за 4,9 %.

Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1,0 %. Кај домашните туристи има намалување за 4,1 %, а кај странските зголемување за 3,3 %.

Најголем број од странските туристи биле од Турција (34 681), од Германија (9 578), од Србија (7 605) и од Бугарија (4 858).


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано