Земјотрес ја погоди Албанија, епицентарот во близина на Ѓирокастро

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија, соопштија сеизмолошките служби.

Според достапните податоци, епицентарот бил регистриран во близина на градот Ѓирокастро, на околу 16 километри од градското подрачје. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека потресот потекнувал од длабочина од околу пет километри под површината на земјата.

Засега нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета. Надлежните институции ја следат состојбата и засега не се пријавени посериозни последици од земјотресот.

Повеќе од истиот автор

Најчитано