Вториот бран на зголемување на цените на енергијата веројатно ќе го продолжи периодот на висока инфлација во Еврозоната, додека посилен и подолготраен енергетски шок би можел да ја забави европската економија, изјави денес членот на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Филип Р. Лејн.
„Сега гледаме втор бран на зголемување на цените, не само за нафтата, туку и за гасот“, рече Лејн во интервју за францускиот весник „Ле Темпс“.
Тој потсети дека првиот бран на раст на цените на енергијата е забележан во март и април, по што следел период на оптимизам по потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Соединетите Американски Држави и Иран на 17 јуни, со цел прекин на конфликтот.
„Поради овој втор бран на зголемување на цените на енергијата, веруваме дека инфлацијата веројатно ќе остане висока подолго време, пред да почне да се враќа на нашата цел од средината на 2027 година“, рече Лејн.
Тој процени дека европската економија ќе продолжи да расте со умерено темпо ако енергетскиот шок не се влоши дополнително, пренесува Еуроњуз Србија.
Фото Економија и бизнис








