Водата на скопската територија е безбедна за пиење, информираа утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, според податоци од неделниот извештај за нејзините квалитет и безбедност, добиен од анализи спроведени во Секторот за санитарна контрола.
– Во периодот од 4 до 8 мај, Секторот за санитарна контрола зеде 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – соопштија од јавното претпријатие.








