Водата во Северното Море минатиот викенд достигна рекордно висока температура од 21,5 степени Целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт.
Температурата е измерена кај платформата „Гуре“, на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени на 8 август 2018 година.
Експертите предупредуваат дека невообичаено топлото море може да донесе последици и во наредните месеци, вклучително и пообилни врнежи и посилни зимски бури во Холандија.
Високите температури влијаат и врз морскиот еко-систем, бидејќи рибите се преместуваат во други области, што може неповолно да влијае врз риболовот како стопанска дејност.
извор МИА








