Министeрството за финансии во земјите од еврозоната подготвуваат рекордна продажба на обврзници за 2027 година, во време кога ММФ предупредува дека трошоците за позајмување достигнале највисоко ниво во последните две децении, објавува Еуроњуз.
Четиринаесет години по врвот на должничката криза во 2012 година, традиционалната финансиска карта на Европа е целосно променета и европскиот блок се соочува со сè поскапо позајмување, додека порано кризно погодената јужна периферија се наметна како пример за фискална дисциплина.
Главната причина за овој пресврт лежи во фискалните резултати. Во 2025 година, Грција постигна буџетски суфицит од 1,7 проценти од БДП и го намали јавниот долг за повеќе од девет процентни поени за една година, благодарение на построгата фискална политика, подоброто собирање даноци преку дигитализација и обновата на банкарскиот сектор. Спротивно на тоа, буџетскиот дефицит на Белгија минатата година се искачи на 5,2 проценти од БДП, а долгот надмина 109 проценти од БДП во првиот квартал од 2026 година.
Инвеститорите се особено загрижени за ситуацијата во Франција, каде што државните трошоци изнесуваат 57,2 проценти од БДП, што е најголем удел во рамките на групата Г20. Францускиот јавен долг се искачи на 3,6 трилиони евра (119 проценти од БДП).
Француското Министерство за финансии објави дека следната година ќе мора да позајми рекордни 340 милијарди евра во среднорочни и долгорочни обврзници. Бидејќи долговите од пандемијата и енергетската криза сега се рефинансираат по значително понеповолни услови, годишната сметка за камати на Франција ќе скокне од 62,6 милијарди евра во 2026 година на 72,9 милијарди евра во 2027 година. Ова изнесува приближно една петтина од вкупните владини приходи собрани минатата година, пренесува Бизнис и финансии.
Фото Економија и бизнис








