Во Битола почнува „БитФест“ – битолско културно лето

Со македонскиот мјузикл „Као, какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски, љубовна приказна напишана од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски, вечер во Битола почнува најновото издание на Битолско културно лето „БитФест“.

Во периодот од 19 јуни до 29 август ќе се реализираат 20 проекти од драмска дејност, 6 изложби, 40 манифестации од музичко-сценска дејност, две фолклорни манифестации, а составен дел на „БитФест“ ќе бидат традиционалните фестивали „Илинденски денови“, „Битолино“ и „Локум фест“.

На годинaшното битолско културно лето ќе настапат и националните ансамбли „Танец“ од Македонија и „Ладо“ од Хрватска, концерт во Хераклеја ќе одржи Симон Трпчески, а на истата локација на 29 август со јубилеен концерт на групата „Фолтин“ која годинава слави 30 години постоење, ќе биде означен завршетокот на „БитФест“.

– Задоволен сум од селекцијата и избраните содржини, особено што за прв пат се јавуваме како директни организатори на „БитФест“. Мотив за плакатот на годинешниот фестивал е муралот „Битола, бабам Битола“ на авторот, академскиот сликар Борко Лазески кој долги години ја краси големата шалтер сала на битолската Пошта. Плакатот ќе биде поставен на сите фестивалски содржини, истакна Димитар Михајловски, директор на КИЦ Битола.

Битолското културно лето ќе се реализира во Офицерски дом, старата битолска чаршија, битолскиот Центар за култура, Хераклеја и други локации во Битола. 


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано