Пазарот на нови возила во Србија продолжува со силниот раст и во првите девет месеци од 2026 година, за прв пат се регистрирани 33.448 нови возила, односно 21% повеќе отколку во истиот период минатата година.
Податоците од Министерството за внатрешни работи на Србија, објавени од Српското здружение на увозници на возила и делови, покажуваат дека најголем придонес во растот имаат патничките автомобили.
Од јануари до септември се регистрирани 29.517 нови патнички автомобили, 23,15 проценти повеќе отколку во истиот период во 2025 година.
Во случајот со лесни комерцијални возила, растот беше значително помал. Регистрирани се 3.931 возила, што е за 3,69 проценти повеќе од минатата година.
Бензинските возила се сè уште најзастапени, со 11.929 регистрирани возила и пазарен удел од 40,41 процент.
Сепак, хибридите брзо ги достигнуваат. Регистрирани се 11.325 бензинско-електрични автомобили, дури 60,48 проценти повеќе од минатата година. Нивниот пазарен удел е 38,37 проценти. Кога ќе се додадат 1.816 дизел-електрични хибриди, вкупниот удел на хибридните автомобили достигна 44,52 проценти.
Во изминатиот период 2.746 купувачи се одлучиле за дизел автомобили, па нивниот пазарен удел паднал на 9,30 проценти.
Регистрирани се 1.166 целосно електрични автомобили, односно 3,95 проценти од вкупниот пазар. Кога ќе се додадат хибридите и електричните автомобили, електрифицираните возила сочинуваат 48,47 проценти од сите нови патнички автомобили регистрирани во Србија.
На пазарот на мотоцикли, речиси целосна доминација им припаѓа на бензинските модели. Во првите девет месеци се регистрирани 8.648 мотоцикли со бензински мотори. Во исто време, регистрирани се само четири дизел мотоцикли и 13 електрични, пренмесува B92.
Фото Економија и бизнис








