Kампањата на Македонски Телеком „Да направиме место за подобро да се поврземе” креирана од македонската креативна агенција Saatchi&Saatchi дел од Publicis Groupe Macedonia, освои сребро во категоријата Strategy & Effectiveness на 5. Регионален фестивал на медиуми и креативни индустрии CIM Forum во Котор.
Кампањата беше финалист во уште три категории, Integrated Campaign, Strategy & Effectiveness и Positive Change.
Годинава на CIM Forum беа пријавени повеќе од 100 кампањи од брендови и агенции од целиот регион. Пријавите беа оценувани од стручно фестивалско жири врз основа на нивната креативност, стратешки пристап, иновативност и остварени резултати.
Признанието во категоријата Strategy & Effectiveness претставува потврда за успешното спојување на креативната идеја со реално мерлив општествен и комуникациски ефект. Дополнително, фактот што кампањата беше препознаена во повеќе натпреварувачки категории ја потврдува нејзината релевантност и влијание.
“Некои награди значат повеќе од трофеј. Оваа ни е особено драга затоа што беше нашироко препознаена како потсетник дека подобар свет почнува кога ќе направиме место еден за друг.. Горди сме на освоенатра награда во категоријата Strategy & Effectiveness на CIM Forum (tag), меѓу повеќе од 100 кампањи од регионот. Ова признание е потврда дека креативноста е најсилна кога создава вистинско влијание. Благодарност до Saatchi&Saatchi дел од Publicis Groupe Macedonia и сите што се залагаат да направиме место за подобар свет” изјави Радмила Димова, одговорна за бренд во Македонски Телеком.
„Да направиме место за подобро да се поврземе” е кампања која отвори важни општествени теми и поттикна широка јавна дискусија, оставајќи позитивен белег во заедницата и создавајќи силна емоционална поврзаност со публиката.
Од Saatchi&Saatchi истакнуваат дека ова признание е резултат на посветената работа на тимот и успешната соработка со Македонски Телеком како дополнителна мотивација за создавање кампањи кои носат вистинска вредност за општеството.








