ВЕНЕЦУЕЛА ПОГОДЕНА ОД ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ СО ИНТЕНЗИТЕТ ОД НАД СЕДУМ СТЕПЕНИ, бројот на жртви расте

Два големи земјотреси утрово се регистрирани во Венецуела, што предизвикаа големи разурнувања. Се претпоставува дека голем број луѓе загинале.

Епицентарот на првиот земјотрес, со интензитет од 7,1 степени по Рихтеровата скала, бил на околу 28 километри западно од градот Морон на длабочина од 13 километри.

Неколку минути подоцна уследи уште еден земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтер.

Земјотресот се почувствувал и во главниот град на Венецуела, Каракас, како и во Богота, Колумбија.

По земјотресите Американскиот систем за предупредување од цунами издаде предупредување за Порторико и Девствените Острови, кои се оддалечени од епицентарот на земјотресот 300 километри.

Претседателката на Венецуела, Делси Родригез воведе вонредна состојба.

Според првичните информации, најмалку 32 лица загинале, а околу 700 се повредени, но властите предупредуваат дека бројот на жртви најверојатно ќе расте. Американскиот геолошки завод претходно процени дека постои 44 отсто веројатност бројот на загинати да надмине 10.000 лица и 30 отсто веројатност да има повеќе од 100.000 жртви.

Во главниот град сè уште се слушаат повици за помош од под урнатините, додека голем број згради останаа без електрична енергија, а метро-сообраќајот е целосно запрен. Потресите, кои биле почувствувани и во Богота, Колумбија, погодиле област западно од Каракас во време кога голем број граѓани биле во своите домови поради национален празник.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано