Бројот на новорегистрирани електрични патнички автомобили на батерии нагло се зголеми низ цела Европа во последните години.
Само во ЕУ, околу 1,9 милиони нови вакви автомобили се регистрирани во 2025 година, со што учествуваа со 17,3 проценти од сите нови возила. Во исто време, според податоците на Евростат, во неколку европски земји тој удел бил поголем од една третина од вкупниот број автомобили.
Во 2015 година, во ЕУ биле регистрирани само 47.000 нови електрични патнички автомобили на батерии.
Меѓу 38 европски земји, вклучувајќи ги членки на Европската Унија, земјите кандидати за ЕУ, членки на ЕФТА и Велика Британија, Германија минатата година забележа најголем број новорегистрирани електрични патнички автомобили на батерии, околу 545.000.
Велика Британија, според податоците од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), следи со околу 473.000, додека Франција е трета со 331.000.
На самото дно на рангирањето е Босна и Херцеговина со само 71 возило, а малку подобри се Хрватска со 992 и Србија со 883.
Во Норвешка, 95,1 процент од новите автомобили биле електрични, додека Данска била на второ место со 67,8 проценти, а Исланд на трето место со 41,2 проценти, пренесува Бизнис.ба.
Фото Економија и бизнис








