Утрово најстудено во Берово со -2 степени, преку ден сончево и топло

Утрово најстудено е во Берово, каде се измерени -2 степени, додека во останатите градови температурата се движи од 1 до 10 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне 26 степени. 

Повеќе од истиот автор

Најчитано