УШТЕ ЕДЕН ПОЧИНАТ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА, вкупно пет починати досега

Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана.

Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход. 

-Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ставен на респираторна поддршка, истакна Цана.

Починатиот е од Скопје, од Аеродром (Ново Лисиче).

Заедно со него, до денес вкупно пет лица се починати од западнонилска треска во државава.

Според директорот на Клиниката за инфективни болести, скоро секој ден по некој се хоспитализира и бројката е околу 20 до 21.


извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано