УХМР: ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА

Во Црна Гора има големо невреме кое во моментов се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). 

Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица зафати повеќе делови од државава попладне по 17 часот, предизвикувајќи штети во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Струмичко,…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека нестабилна облачна маса со пороен дожд, грмежи и засилен до силен ветер се приближува кон Гостивар.

Во исто време, во Скопје и Куманово има врнежи од дожд, но според прогнозите не се очекува ново невреме како она што претходно ги зафати овие подрачја.

„Невреме со пороен дожд, грмежи и засилен до силен ветер се приближува до Гостивар. Врнежи од дожд има во Скопје и Куманово. Тука, за разлика од западните делови каде немаше нестабилност претходно, не се очекува да има невреме затоа што атмосферата е изладена од претходното невреме“, информираат од УХМР.

Од Управата апелираат граѓаните, особено во западниот дел од земјата, внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат препораките на надлежните служби поради можноста од интензивни врнежи, грмежи и силни налети на ветер објави Скопје1.мк


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано