ТУРИСТИЧКИОТ СЕКТОР ВО КУБА НА УДАР НА САНКЦИИТЕ ОД САД, намален бројот на странските туристи за 62 проценти

Бројот на туристи на Куба се намали за 62 проценти во првите седум месеци од 2026 година во споредба со истиот период минатата година. Само 419.000 луѓе го посетиле островот, во споредба со 1,1 милион минатата година. Овој драстичен пад во клучниот економски сектор е резултат на зголемениот американски притисок, што вклучува ограничување на снабдувањето со нафта и други енергетски производи на Куба.

Официјалните податоци од Националната канцеларија за статистика и информации  само ја потврдуваат состојбата што е видлива на терен. Туристичките дестинации се празни, а хотелите, хостелите и приватните сместувања се претежно затворени. Странските посетители се ретки на плажите, во продавниците и на познатите туристички локации.

Туризмот е главен двигател на економијата на Куба во последните триесет години. Властите потврдија дека годишните приходи од туризмот достигнале три милијарди долари. Во 2019 година, околу 4,3 милиони туристи го посетиле островот.

Кризата ескалираше во јануари кога американскиот претседател Доналд Трамп воведе радикално енергетско ембарго со цел да ја принуди Куба да го промени својот политички и економски модел, пренесува Индекс.хр. .


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано