ТУРЦИЈА ГО ПРОДОЛЖУВА ПЕРИОДОТ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОВИСОКАТА ИНФЛАЦИЈА

Гувернерот на Централната банка на Турција  Фатих Карахан денес во Истанбул изјави дека банката очекува инфлација од 28 проценти на крајот од оваа година, што претставува зголемување во споредба со 26 проценти од претходната проекција.

Карахан изјави дека зголемената прогноза е последица на геополитичката неизвесност поврзана со војната на Блискиот Исток и промените во цените на храната и енергијата.

Турција е голем увозник на нафта, па затоа порастот на светските цени на енергијата е особено проблематичен за нејзината инфлација.

Tурската централна банка веќе направи голем пресврт кон рестриктивна монетарна политика за да ја запре повеќегодишната висока инфлација, која се забави на 31,8 проценти во јули по два последователни месеци пад.

Централната банка на Турција во моментов ефикасно го финансира системот со каматна стапка од околу 40 проценти, додека официјалната основна стапка е 37 проценти.

На Турција ќе ѝ треба повеќе време за да ја намали инфлацијата отколку што централната банка претходно очекуваше, а пазарните аналитичари се уште попесимистички настроени и очекуваат инфлација од 29 проценти на крајот на 2026 година, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано