Пожар избувнал рано изутрината во трговски дуќан во Општина Шуто Оризари.
Од ЦУК информираа дека биле успратени 15 пожарникари и шест противпожарни возила кои го гаселе пожарот од 03:30 до 06:45 часот
Во огнетата стихија која избувнала нешто по 3 часот по полноќ, опожарени се над 20 дуќани, сите во сопственост на едно лице.
„Денеска (11.09.2026) околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема“, велат од МВР.
Фото Економија и бизнис








