ТРАМП ПРЕДИЗБОРНО НАЈАВУВА ИЗГРАДБА НА НАЈГОЛЕМА ЧЕЛИЧАРНИЦА ВО САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник презентираше план за изградба на, како што рече, најголемата фабрика за челик во историјата на Соединетите Американски Држави. Фабриката треба да се гради во Ајова, држава која ќе биде една  од најважните изборни единици на претстојните избори за Конгресот.

Компанијата Месаби Металикс планира да инвестира 15 милијарди долари во проектот, а администрацијата на Трамп го претставува како значаен чекор во зајакнувањето на домашното производство на челик.

„Денес со големо задоволство објавуваме дека Месаби Металикс ќе ја изгради најголемата фабрика за челик во американската историја во големата држава Ајова“, рече Трамп во Овалната соба.

Белата куќа вели дека фабриката за челик ќе користи железна руда од новиот рудник во Минесота, за кој тврди дека е првиот нов рудник од ваков вид што се отвора во САД за 50 години.

Новата фабрика за челик треба да биде дел од поширокиот напор на администрацијата на Трамп за зголемување на домашното индустриско производство и намалување на зависноста на Соединетите Американски Држави од увоз.

Според најавите, проектот треба да користи домашни суровини од Минесота, што би го поврзало процесот на екстракција на железна руда и производството на челик во рамките на Соединетите Американски Држави, пренесува Вијести.ба.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано